Браво за Македонецот, браво за Бојан Миовски. Фантастичните игри на СУПЕР БОЈАН, пред се головите, во оваа сезона за Абердин го сместија нашиот репрезентативец во тимот на сезоната во Премиерлигата на Шкотска.
Секако апсолутно заслужено Бојан се најде во одбрано друштво и тоа меѓу најдобрите сеонава во оваа квалитетна лига во која играат и такви европски гиганти како Селтик и Глазгов Ренџерс.
Инаку ништо чудно Миовски во наредната сезона, ако се суди според понудите и интересот, да го облече дресот на еден од овие два клуба.