Во битката за обезбедување опстанок во домашната ракометна Суперлига, денеска се одиграа три меча во рамките на 10. коло. Вредни победи остварија екипите на Мулти Есенс и Е. Пелистер 2.
Мулти Есенс во неизвесна завршница со 34:33 славеше над екипата на Прилеп, додека во вечерниот термин, вториот тим на Е. Пелистер со убедливи 35:23 славеше во дуелот со екипата на Вардар Неготино.
Во третиот меч кој беше одигран попладнево, победа оствари и екипата на Куаново, која со 25:32 однесе победа од гостувањето против екипата на Скопје.
Со денешната победа Е. Пелистер 2 се израмни на 2. место со Прилеп, додека екипата на Куманово и натаму останува прва во плеј-аут зоната.