ПМФЛ: Брегалница против Работнички, меч кој не смее да се загуби!

161

Денеска во Штип, домашната Брегалница во 16 часот го дочекува Работнички во првиот меч од 28.коло во ПМФКЛ. Сите останати натпревари од ова коло се играат утре.

И Брегалница и Работнички со новите тренери, Трајче Сенев и Горан Станиќ на последните свои натпревари освоија по 4 бода, но далеку од тоа дека го обезбедија опстанокот, посебно ова се однесува за “сините“ кои во пресрет на овој меч имаат 26 бода и се наоѓаат на претпоследното место на табелата.

Работнички пак има пет повеќе, но со пораз повторно ќе се најде меѓу најзагрозените во битката за опстанок. Токму затоа велиме дека ова е меч кој не смее да се загуби.

И затоа се очелкува беспоштедна битка за секоја топка, за секоја педа од теренот. Сега веќе нема право на грешки било кој тим, секој кикс и секој загубен бод може да биде фатален.

Што се однесува до традицијата кога станува збор за дулите меѓу овие две екипи, таа вели дека досега Брегалница и Работнички одиграле 44 меча, а Брегалница има само 9 победи, исто толку средби завршиле без победник а Работнички има 26 победи.

Интересно, на последните четири средби и двете екипи имаат по две победи.

ПретходноЛеверкузен си постави нова цел: Сакаме сезоната во Бундеслигата да ја завршиме без пораз!
СледноСупер Макс со пол-позиција во Кина!