Ц. Звезда со пресврт во судиското продолжение победи на „вечното дерби“ со Партизан (ВИДЕО)

191

Со пресврт со два гола во последните минути од натпреварот, екипата на Црвена звезда славеше во 31. коло од Суперлигата на Србија во 173. Вечно дерби против екипата на Партизан со 3:2.

Партизан го имаше мечот во рака до 90. минута, но потклекна во самата завршница кога Ендиај и Катаи го свртеа резултатот.

Партизан поведе со голот на Баждар, по што Ц. Звезда за само три минути со голот на Канга од пенал израмни на 1:1.

Во вториот дел во 56. минута Партизан повторно поведе.Северина со одличен удар го совлада Глејзер за 1:2. Црвена звезда тргна поофанзивно кон голот, но пресвртот дојде дури во последните минути од средбата.

Шериф Ендијај успеа да го израмни резултатот во 90. минута, а судијата Илиќ го продолжи натпреварот на 15 минути, по што во 9 минута од продолжението повторно пенал за Ц. Звезда, кој овој пат Катаи го претвори во гол за победа од 3:2.

ПретходноМЗТ Скопје А. со трета победа над Гостивар го потврди полуфиналето
СледноИсени победи и во втората борба на ЕП во Белград и обезбеди четвртфинале