Фудбалерите на Арсенал славеа со 2:0 на гостувањето кај Вулверхемптон во последниот денешен меч од Премиерлигата и успеаја да се вратат на првото место на табелата во очекување на настапите на конкурентите за титулата, Ливерпул и Манчестер Сити.
И денеска херој на „топчиите“ беше Белгиецот Тросар кој во финишот на првото полувреме успеа да го отвори резултатот и да најави триумф на лондончани.
Арсенал ја задржа предноста во текот на целото второ полувреме, а во самата завршница на мечот Одегард само ја потврди победата со погодок во 95. минута.
Standings provided by Sofascore