Со елиминацијата на Ливерпул и пласманот во полуфиналето на ЛЕ, Аталанта стана хит во Европа. Тимот од Бергамо важи за незгоден ривал и покрај скромниот играчки кадар прави големи нешта. Нивниот тренер Џанпјеро Гасперини е интересен за неколку клубови, но Аталанта сака да го продолжи договорот со него.
Според новинарот Николо Скира, Аталанта му нуди на Гасперини нов договор до 2026 година со опција да биде продолжен на уште една година. Инаку актуелниот договор на италијанскиот тренер со клубот истекува на 30 јуни 2025 година.
Инаку Гасперини е на кормилото на овој клуб од 2016 година.
Аталанта моментално е седмопласирана во Серија А со 51 бод од 31 натпревар. Трипати играа во групите на ЛШ, а во 2019/20 стигнаа до четвртфиналето.
Исто така постои голем интерес за холандскиот интернационалец Тен Копмајнерс. Тој одично се вклопи во Бергамо и има интерес од други италијански клубови. Аталанта би седнала на преговори со оној што е спремен да издвои 50 милиони евра.