Вардар не дозволи изненадување, убедлива победа над Тиквеш

247

Ракометарите на Вардар не дозволија ново изненадување во пресметките со Тиквеш во Суперлигата. Денеска во мечот од 10. коло, „црвено-црните“ на домашен терен го победија Тиквеш со 29:25 и ја запишаа осмиот триумф во финалната фаза од шампионатот.

Тиквеш се покажа како достоен ривал, особено во првиот дел во кој успеваше достојно да им парира на момците на Владо Недановски. Вардар отиде на пауза со само минимална предност од 14:13.

Во вториот дел Вардар „додаде гас“ и успеа да се олепи на 3-4 гола разлика во втората половина од средбата, кога практично и го скрши отпорот на гостинскиот состав на тренерот Раде Стојановиќ. За Тиквеш ова беше петтиот сезонски пораз со што останува на 5. позиција на табелата.

Јапонецот Јасухира постигна 9 гола во победата на Вардар, додека кај Тиквеш најрасположен беше Мијатович со 7 погодоци.

ПретходноАнчелоти пред Ел Класико: Тортата е испечена, треба уште да ставиме шлаг
СледноРаботнички ја „збриша“ Струмица и по третпат во низа го крена шампионскиот пехар