Вардар со победа над Кожув останува во трка за опстанок

74

Кошаркарите на Вардар направија уште еден чекор до опстанокот во елитното кошаркарско друштво, откако вечерва на домашен терен го совладаа Кожув со 82:70 во меч од плеј-аутот. „Црвено-црните“ успеаја да ја искористат шансата на домашниот терен и не преголемата мотивираност кај гостите кои во минатото коло си го потврдија опстанокот.

Наков со 18 и Хот со 14 поени беа носители на играта и на победата на „вардарци“ денеска. кај Кожув Американецот Пен постигна 23 поени.

ПретходноЧави пред Ел Класико: Фрустрацијата од мечот со ПСЖ нека се сврти во наша корист
СледноБернардо Силва го однесе Сити во финалето на ФА Купот (ВИДЕО)