Е. Пелистер 2 се израмни со Прилеп, Куманово со нова победа лидер во плеј-аутот

107

Во битката за обезбедување опстанок во домашната ракометна Суперлига, денеска се одиграа три меча во рамките на 10. коло. Вредни победи остварија екипите на Мулти Есенс и Е. Пелистер 2.

Мулти Есенс во неизвесна завршница со 34:33 славеше над екипата на Прилеп, додека во вечерниот термин, вториот тим на Е. Пелистер со убедливи 35:23 славеше во дуелот со екипата на Вардар Неготино.

Во третиот меч кој беше одигран попладнево, победа оствари и екипата на Куаново, која со 25:32 однесе победа од гостувањето против екипата на Скопје.

Со денешната победа Е. Пелистер 2 се израмни на 2. место со Прилеп, додека екипата на Куманово и натаму останува прва во плеј-аут зоната.

ПретходноИсени победи и во втората борба на ЕП во Белград и обезбеди четвртфинале
СледноТен Хаг нема стопери за мечот со Ковентри, само Мегваер е здрав