Исени победи и во втората борба на ЕП во Белград и обезбеди четвртфинале

86

Македонскиот боксер Арјан Исени (80 кг) ја забележа и втората победа на Европското првенство во Белград. Откако во четвртокот успешно тргна со победа од 3:2 над Гркот Цамалидис, Исени денеска во меч од второто коло славеше и над Ерменецот Ховхансијан со 3:2.

Исени со овој успех оди и кон медал на овој европски шампионат. Во четвртфиналето тој за противник ќе го има српскиот боксер Симиќ, па ако успее да наниже и трета победа ќе освои најмалку бронза.

ПретходноЦ. Звезда со пресврт во судиското продолжение победи на „вечното дерби“ со Партизан (ВИДЕО)
СледноЕ. Пелистер 2 се израмни со Прилеп, Куманово со нова победа лидер во плеј-аутот