Лајпциг победи со гол во финишот, за Елмас повторно десеттина минути!

473

Четири меча од 30 коло во Бундес лигата во саботниот попладневен термин. РБ Лајпциг со совлада Хајденхајм на гости со 1:2. Шешко го доведе Лајпциг во водство во 42 минута, а изедначи Доведан во 69 минута. Во 79 минута влезе Елиф Елмас на местото на Симонс, а пет минути подоцна Луис Опенда ја затресе мрежата и донесе победа за „биковите“.
Елмас повторно влезе од клупата, никако да избори место во првиот тим.
Шест гола во Хофенхајм. Хофенхајм ја совлада Борусија Менхенгладбах со 4:3. Борусија изедначи на 3:3 со погодок во 90 минута, а две минути подоцна Стах погоди за победа на Хофенхајм.
А Келн изгуби дома од Дармштад со 0:2. Волфсбург го победи Бохум со 1:0.

 

Standings provided by Sofascore
ПретходноПолувреме: Голема борба во Штип, ама мрежите мируваат!
СледноПМФЛ: Работнички ја “реши“ Брегалница среде Штип! (видео)