Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје А. го потврди своето место во полуфиналето на плеј-офот, откако вечерва без проблеми и по третпат го совлада тимот на Гостивар. Вечерва момците на тренерот Атанасов славеа во Гостивар со 70:96 и ј апотврдија фаворитската улога.
Со оглед на она што се случуваше уште во воведните 20 минти од мечот беше јасно дека гостите ќе однесат убедлива победа. МЗТ Скопје А. на полувреме веќе имаше 50 постигнати поени (27:50), паво вториот дел само умешно го одржуваше водството и го приведе мечот до нова трета победа.
Делалиќ со 23 поени и Баковиќ со 16 беа најефикасни кај МЗТ Скопје А. на денешниот дуел, додека кај екипата на Гостивар, Инграм постигна 21 поен.
Следен ривал на МЗТ Скопје А. во полуфиналето на плеј-офот ќе биде екипата на ТФТ.