Денеска во Штип, домашната Брегалница во 16 часот го дочекува Работнички во првиот меч од 28.коло во ПМФКЛ. Сите останати натпревари од ова коло се играат утре.
И Брегалница и Работнички со новите тренери, Трајче Сенев и Горан Станиќ на последните свои натпревари освоија по 4 бода, но далеку од тоа дека го обезбедија опстанокот, посебно ова се однесува за “сините“ кои во пресрет на овој меч имаат 26 бода и се наоѓаат на претпоследното место на табелата.
Работнички пак има пет повеќе, но со пораз повторно ќе се најде меѓу најзагрозените во битката за опстанок. Токму затоа велиме дека ова е меч кој не смее да се загуби.
И затоа се очелкува беспоштедна битка за секоја топка, за секоја педа од теренот. Сега веќе нема право на грешки било кој тим, секој кикс и секој загубен бод може да биде фатален.
Што се однесува до традицијата кога станува збор за дулите меѓу овие две екипи, таа вели дека досега Брегалница и Работнички одиграле 44 меча, а Брегалница има само 9 победи, исто толку средби завршиле без победник а Работнички има 26 победи.
Интересно, на последните четири средби и двете екипи имаат по две победи.