Заврши првиот дел од првиот меч од 28.коло во ПМФЛ, меѓу Брегалница и Работнички кој се игра во Штип. На пауза се замина со тие почетни 0:0. Проследивме голема борба теренот, со многу тактика и игра без некој посебен ризик од двете страни ако се знае дека овој меч веројатно е круцијален во битката за опстанок.
Штипските „сини“ како беа нешто поактивни, ја имаа иницијативата а најблиску до гол беа во 31.минута кога по центаршутот на Робакидзе, Ѓ. Ѓорѓиев шутираше со глава, но за малку непрецизно.
Работнички се закани во 45.минута откако Ангелов шутираше од мртов агол.