И трета сезона во низа, екипата на Работнички ја освои шампионската титула во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија. Избраничките н атренерот Душко деспотовски вечерва и третпат во низа го победија тимот на Струмица (вторпат на гостински терен) и ја добија финалната серија во плеј-офот со убедливи 3:0 со што нанижаа уште еден шампионски трофеј во клупските витрини.
СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ 0:3 (23:25, 26:28, 19:25)
Струмичанки по извонредните настапи во регуларниот дел од сезоната имаа неверојатен пад на формата во финалната серија и без освоен сет му дозволија на Работнички да дојде до нов шампионски наслов. Ниту промената на тренерското место по оној прв пораз во финалето за Струмица не донесе позитивен ветер, па и денешниот меч Работнички успеа да го добие со фокусирана игра во клучните моменти, особено што и првиот и вториот сет се решаваа на разлика. Згора на тоа Работнички овој трет финален меч го одигра практично без првиот техничар Јонузи, која се повреди на стартот.
Денеска одлично издание во шампионскиот тим на Работнички имаше Тамара Стојанова која заврши со 14 реализирани поени, 10 останаа зпаишани зад името на Ејнџел Робинсон.