Нема веќе дилеми дека Чави Ернандез по завршување на сезоната ќе си оди од Барселона. Тој тоа го најави уште пред два месеци, а фактот дека оваа сезона, посебно по поразот од ПСЖ, Барса ќе остане без трофеј е доволна некои работи да се менуваат.
Инаку интересни најави, па и сензационални, доаѓаат од Каталонија каде вчера тамошните медиуми известија дека Чави е многу блиску до преземање на клупата на некогашен европски првак.
Тоа е Ајакс, клуб кој оваа сезона е во хаос. Тимот игра очајно а и самиот клуб работите се далеку од она што го очекуваат фановите на некогашниот европски шампион.
Уште се наведува дека челниците на Ајакс имале посредни преговори со Чави и дека работите оделе во позитивна насока.