Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано приредија пресврт во Ваљекас и со 2:1 ја победија Осасуна во денешниот меч од новото коло во Ла Лига. Осасуна со голот на Гомез во 29. минута успеа да поведе со 0:1, но во период од само три минути во второто полувреме Рајо успеа да постигне два гола и комплетно да го смени текот на мечот.
Најпрво во 80. минута Чаварија погоди за 1:1, а четири минути подоцна Палазон донесе радост и победа за домашните.
Столе и неговите соиграчи веќе четвртти меч во низа не знаат за пораз. Рајо има серија од две победи и две ремија кои го однесоа далеку од опасната зона.