Очекувано. Макс Верстапен по победата во спринтот во Формула 1, најдобар беше во квалификациите, дојде и до пол-позицијата за ГН на Кина на патеката во Шангај.
Интересно ова беше 100 – пол позција за Ред Бул а вкупно 37-ма за светскиот првак. Успехот на Ред Бул е уште поголем ако се знае дека Серхио Перес заврши како втор, па така на стартот на утрешната главна трка, Ред Бул ќе ги има првите две позиции.
Третото место го освои Фернандо Алонсо. Луис Хамилтон имаше катастрофални квалификации иутре ќе стартува од 18 позиција на петтата трка сезонава во Формула 1.