Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го постигна победничкиот гол за Хајдук на денешното гостување кај Славен Белупо во новото коло од хрватскиот шампионат.
Откако доби шанса во првиот тим, Трајковски покажува глад за погодоци. Хајдук имаше голема шанса оваа сезона да се бори за титулата, но на крајот ќе остане со празни раце, поради црната низа која го зафати во последните неколку месеци.
За Трајковски ова беше трет погодок сезонава во хрватскиот шампионат.