Денеска во Скопје, во хотелот “Хилтон“ се одржа 30.Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Денеска се потсети и на тоа дека минаа 30 години од тоа дека ФФМ е 30 години полноправна членка на ФИФА и УЕФА и затоа после завршување на работата на Генералното Собрание на ФФМ, делегатите, членовите на УО и гостите со дресови на кои стоеше бројот 30. го означија овој убав јубилеј.
Се разбира убава глетка од Собранието на Фудбалската федерација на Македонија.