Со пресврт со два гола во последните минути од натпреварот, екипата на Црвена звезда славеше во 31. коло од Суперлигата на Србија во 173. Вечно дерби против екипата на Партизан со 3:2.
Партизан го имаше мечот во рака до 90. минута, но потклекна во самата завршница кога Ендиај и Катаи го свртеа резултатот.
Партизан поведе со голот на Баждар, по што Ц. Звезда за само три минути со голот на Канга од пенал израмни на 1:1.
Во вториот дел во 56. минута Партизан повторно поведе.Северина со одличен удар го совлада Глејзер за 1:2. Црвена звезда тргна поофанзивно кон голот, но пресвртот дојде дури во последните минути од средбата.
Шериф Ендијај успеа да го израмни резултатот во 90. минута, а судијата Илиќ го продолжи натпреварот на 15 минути, по што во 9 минута од продолжението повторно пенал за Ц. Звезда, кој овој пат Катаи го претвори во гол за победа од 3:2.