Чави пред Ел Класико: Фрустрацијата од мечот со ПСЖ нека се сврти во наша корист

244

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез зборува пред утрешното големо дерби со Реал Мадрид на „Бернабеу“ во рамките на Ла Лига. „Кралевите“ имаат осум бода предност пред „Каталонците“ со седум натпревари до крајот на лигата.
Утре имаме можност да се вратиме во борбата за титулата во Ла Лига. Ова се покажа како најважниот натпревар во сезоната. Ќе се сретнеме со силен Реал Мадрид, а уште повеќе по елиминацијата на најдобриот тим во светот – Сити. Еуфоријата ќе биде голем, а противникот ќе биде многу силен. Денеска трениравме добро, но вчера се уште нè кочеше она што се случи во Лигата на шампионите. Тимот го има целиот ентузијазам на светот да се бори за лигата“, изјави Чави кој продолжи:

Реал Мадрид мораше да се брани од Сити, кој е најдобриот тим на светот денес. Мораа да се бранат и одлично се бранеа. Тоа се ситуации во кои треба да доминирате, а и тие знаат како да го направат тоа. Победиле многу пати бидејќи се многу добри. Не верувам толку во среќа. Верувам во работата, во тимот, не во случајноста.
Мораме да го промениме нашиот начин на размислување. Нека лутината, фрустрацијата и немоќта на натпреварот со ПСЖ се свртат во наша корист. Пред нас е силен Реал Мадрид, морално засилен по оваа недела во Лигата на шампионите“, додаде тренерот на Барса.

ПретходноРаботнички ја „збриша“ Струмица и по третпат во низа го крена шампионскиот пехар
СледноВардар со победа над Кожув останува во трка за опстанок