Кошаркарите на Вардар направија уште еден чекор до опстанокот во елитното кошаркарско друштво, откако вечерва на домашен терен го совладаа Кожув со 82:70 во меч од плеј-аутот. „Црвено-црните“ успеаја да ја искористат шансата на домашниот терен и не преголемата мотивираност кај гостите кои во минатото коло си го потврдија опстанокот.
Наков со 18 и Хот со 14 поени беа носители на играта и на победата на „вардарци“ денеска. кај Кожув Американецот Пен постигна 23 поени.