Готово е: Милан ќе му врачи отказ на Пиоли, познат е и неговиот наследник!

2993

Се чини дека веќе нема дилеми, а ова го потврди и фамозниот Фабрицио Романо. Имено по завршувањето на сезоната Милан ќе ја раскине соработката со Стефано Пиоли, односно ќе му врачи отказ и тоа по цели пет години соработка.

Јасно е дека на Милан во последно време не е на она потребно ниво кое што го бараат фановите на овој гигант, а последно е тоа што овој тим беше елиминиран во 1/4 финалето во Лигата на Европа од Рома.

Инаку се наведува дека раководството на клубот од „Сан Сиро“ со сите сили ќе тргне по Роберто де Зерби, актуелниот тренер на Брајтон.

Тој бил првиот пик за нов страте на Милан, иако се шпекулира дека и Антонио Конте и тоа како е во игра.

ПретходноПополнети се последните две места во плеј-офот во НБА!
СледноЛеверкузен си постави нова цел: Сакаме сезоната во Бундеслигата да ја завршиме без пораз!