Сензационално: Чави од јуни на клупата на некогашен европски првак!

11713

Нема веќе дилеми дека Чави Ернандез по завршување на сезоната ќе си оди од Барселона. Тој тоа го најави уште пред два месеци, а фактот дека оваа сезона, посебно по поразот од ПСЖ, Барса ќе остане без трофеј е доволна некои работи да се менуваат.

Инаку интересни најави, па и сензационални, доаѓаат од Каталонија каде вчера тамошните медиуми известија дека Чави е многу блиску до преземање на клупата на некогашен европски првак.

Тоа е Ајакс, клуб кој оваа сезона е во хаос. Тимот игра очајно а и самиот клуб работите се далеку од она што го очекуваат фановите на некогашниот европски шампион.

Уште се наведува дека челниците на Ајакс имале посредни преговори со Чави и дека работите оделе во позитивна насока.

ПретходноВерстапен победник на спринтот во Кина!
СледноПополнети се последните две места во плеј-офот во НБА!