Чаби Алонсо: Играме со Рома, одлично….(ВИДЕО)

140

Во реваншот во Лондон, од 1/4 финалето во Лигата на Европа, Баер Леверкузен одигра 1:1 кај Вест и со вкупни 3:1 се пласира во следната фаза каде ќе се сретне со Рома.

Интересен момент беше забележан веднаш по средбата во Лондон, кога Чаби Алонсо и неговите помошници гледаа на мобилен со цел да дознаат кој ќе им биде ривал, Рома или Милан.

И кога забележаа дека тоа ќе биде тимот од Рим тие не го криеја своето задоволство, како што може да се види од видеото. Сепак Милан е Милан според “фармацевтите“.

Од друга страна ваквиот потег на Чаби и неговите помошници секако дека ќе ги разлути сите во таборот на Рома а посебно страегот Даниеле Де Роси.

ПретходноМети верува во успех во Лигата на Нации!
СледноФФМ заштеди 3 милиони евра во годината со приходи од 19 милиони евра! (ФОТО)