Баер одбива да биде поразен – во 97. минута извлече реми во Дортмунд

374

Новиот германски шампион Баер Леверкузен беше пред првиот пораз сезонава, но се спаси со гол во осмата минута од судиското продолжение. Во мечот од 30 коло на Бундес лигата, Борусија Дортмунд го пречека новиот првак на Германија и во жестока битка успеа да ја начне неговата мрежа.
Во 81 минута по нафрлување на Сабицер, со волеј удар Николас Филкруг ја затресе мрежата. Се чинеше дека тука ќе заврши историската серија без пораз на Баер, кога четата на Чаби Алонсо успеа да извлече реми.
По шестата минута од продолжението, Станишиќ погоди и обезбеди 1:1. Така серијата на мечеви без пораз во сите натпреварувања сега изнесува 45.

ПретходноЈунајтед водеше 3:0 против Ковентри, па преку пенал-рулет избори пласман во финале на Купот
СледноЛиверпул во второто полувреме го совлада Фулам на „Крејвен котиџ“