Кенијка во Лондон го собори светскиот рекорд во маратон

127

Актуелнaтa олимпискa шампионка во маратон, 30-годишната кениска атлетичарка Перес Џепчирчир победи на 44-тото издание на Лондонскиот маратон со нов светски рекорд, но на трка на која учествуваа само натпреварувачи во женска конкуренција.

Кенијката постави нов најдобар резултат на сите времиња минувајќи ја целта пред Бакингемската палата за 2 часа, 16 минути и 16 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд поставен од Мери Кејтани исто така во Лондон и тоа за 45 секунди.

Етиопјанката Тигст Асефа, сопственик на најбрзиот маратон меѓу спортистките, но во трка во која учествуваа и мажи (2:11:53 часа од минатогодишниот Берлински маратон ), го освои второто место во неделата со седум секунди заостанување зад победничката.

ПретходноГаздата на Интер дециден: Додека сум јас тука, Инзаги ќе биде наш тренер
СледноЕвертон ја доби директната пресметка за опстанок со Нотингем Ф. (ВИДЕО)