Денвер Нагетс поведоа со 1-0 против Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од плејофот на Западната конференција на НБА, откако славеше со 114-103. Никола Јокиќ беше незапирлив.
Гостите од Лос Анџелес одлично влегоа во овој натпревар. Резултатот го контролираа во првото полувреме, по што имаа осум поени предност (33:25), но се распаднаa кон средината на вториот дел.
Се тргна надолу за Лејкерси во третиот период. Едноставно исчезнаа од паркетот, домашните тргнаа во серија од 13-0, па на крајот од периодот Нагетс поведоа со 11 поени 89:78, доволно за да влезат во победнички ритам.
Никола Јокиќ одигра уште една маестрална партија. Кошаркарската машина од Србија овој меч го заврши со учинок од 32 поени, 12 скока и седум асистенции.
Throw it down, Joker! pic.twitter.com/ODObuv3sN6
— Denver Nuggets (@nuggets) April 21, 2024
Јокиќ имаше помош од Џамал Мареј кој постигна 22 поени и 10 асистенции, додека Мајкл Портер Јуниор постигна 19 поени.
За Лејкерси, Ентони Дејвис постигна 32 поени и забележа 14 скока, а Леброн Џејмс постигна 27 поени, осум асистенции и шест скока.
Вториот натпревар меѓу Нагетс и Лејкерс ќе се одигра за два дена, исто така во Денвер.
Њујорк поведе против Филаделфија со 1-0, откако славеше со 111-104.