ПМФЛ: Шампионот на гости во Ѓорче и нема право на кикс, Тиквеш против Шкендија, Силекс го дочекува Шкупи

247

Денеска на програмата се пет средби од 28.коло во ПМФЛ. Вчера Работнички славеше среде Штип со 0:1 со што освои златни три бода во битката за опстанок.

Вардар ја чека Воска, а супер интересно би требло да биде во Ѓорче каде последната Македонија ЃП го пречекува лидерот и шампионот, тимот на Струга ТЛ.

Ова е меч на кој шампионот нема право на кикс. На последните два меча со Вардар и Брегалница освои само еден бод и самиот си ја закомплицира битката за титулата, сега е само на +1 од Шкупи и на +3 од Шкендија. А на “лавовите“ ова им е последна шанса да се вратат во игра за опстанок.

Капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани, пред денешениот дуел во Ѓорче покрај другото изјави:

Влегуваме во фаза од првенството во која секој гол, секој бод е екстра значаен. Знаеме дека веќе немаме право да грешиме, веќе немаме право на кикс.Респект за домашната екипа, Македонија ЃП иако е последна на табелата и тоа како има добар тим. Влегуваме во мечот со многу концентрација и мотив, само така може да се дојде до трите бода“.

Кавадарци е во еуфорија, таму сеуште се слави историскиот пласман во големото финале во Купот на Македонија. Во Тиквеш сега сите мисли се насочени кон 22 мај и тоа финале со Воска. Но сите во клубот сакаат со стил да го завршат и првенството во ПМФЛ, сакаат денеска и против Шкендија да покажат дека Тиквеш знае да игра и тоа како добар фудбал, а тетовци мораат по секоја цена до победа, ако сакаат и натаму да бидат во игра во битката за титулата.

Силекс го дочекува шокираниот Шкупи, клуб кој најавуваше смена на стратегот Младен Жижовиќ по елиминацијата во Купот, но до утринава нема официјални вести од Чаир на таа тема. Силекс ќе игра за својата чест.

И во Гостивар истоимениот тим ја дочекува Брера. Ова веројатно е единствениот меч кој нема некоја посебна резултатска важност за двата тима, значи ќе се игра за престиж, ете предуслов да видиме одличен фудбал,

ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Гостивар – Брера

Тиквеш – Шкендија

Силекс – Шкупи

Македонија ЃП – Струга ТЛ

Вардар – Воска

ВЧЕРА

Брегалница – Работнички 0:1

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 55, Шкупи 54, Шкендија 52, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 36, Работнички 34, Брера 33, Вардар 29, Воска 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 25 бода..

ПретходноЈокиќ на дуелот со Лејкерси дојде облечен како негативец од култниот цртан филм
СледноБез конкуренција – Верстапен со четвртата победа сезонава!