Бјелица и се врати на кошарката, но со поинаква улога!

284

Немања Бјелица оваа сезона ја започна како кошаркар на Црвена Звезда, но не одигра ниту една минута.

Наместо сезона во дресот на српскиот клуб, тој поради чести повреди стави крај на професионалната кариера, а веќе си најде нова работа.

Поранешниот МВП на Евролигата кариерата ќе ја продолжи како шеф на кошаркарски операции во тимот на Бахчешехир од Истанбул.

„Среќни сме да објавиме дека за сезоната 2024-2025 ни се придружи поранешниот МВП и НБА шампион на Евролигата, Немања Бјелица, како шеф на кошаркарски операции. Добредојдовте во нашето семејство и ви посакуваме успех на новата позиција“, , стои во соопштението на клубот Бахчешехир .

Да потсетиме, Дејан Радоњиќ е тренер во овој клуб и друштво ќе му прави на Немања Бјелица.

ПретходноГРК Охрид ќе одлучи дали за Пелистер титулата ќе стане реалност!
СледноЛевандовски: Можеме да го победиме Реал!