“Ватерполото“ во Кратово без победник, еве како изгледа табелата!

2411

Мачно беше да се гледа дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкупи, тешкиот терен, преплавен со вода, ова не беше фудбал туку ВАТЕРПОЛО. Сепак на крајот резултатот беше 0:0. Значи Шкупи не успеа да дојде до значајна победа.

Да кажеме дека второто полувреме запопочна со 20 минути доцнење поради консултациите дали сепак треба да продолжи оваа средба. Истата продолжи но голови немаше.

Со ова реми и со поразот на Шкендија во Кавадарци, сега Струга ТЛ повторно има +3 пред Шкупи и +6 пред тетовци.

Еве како изгледа табелата по 28.коло:

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 58, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера 34, Работнички 34, Воска 31, Вардар 29, Брегалница 26, Македонија ЃП 25…

ПретходноПМФЛ: Вардар поразен од Воска, шампионот славеше во Ѓорче, СУПЕР Тиквеш ја “скрши“ и Шкендија, реми во Гостивар! (ВИДЕО)
СледноШампионот се “разбуди“: Бесарт со гол бр.197 во ПМФЛ ја однесе Струга ТЛ на +3!