ГРК Охрид ќе одлучи дали за Пелистер титулата ќе стане реалност!

517

Дербито на 10. коло во плеј-офот е во салата „Билјанини извори“. Тука ГРК Охрид ќе го пречека Пелистер (19 часот). Ова е меч кој може уште сега да ги решите дилемите околу освојувачот на шампионската титулата оваа сезона.

На Пелистер по поразот од Вардар 1961 му беше јасно дека следна и најважна шанса за одбрана на тронот ќе ја има против составот на Стевче Алушовски, кој оваа сезона е вистински хит.

Трибините ќе бидат исполнети до последно место, барем според најавите, ќе има и гостински навивачи, што пак најавува вистински ракометен спектакл. Мечот е важен и за едните, и за другите.

Битолчани со победа ќе имаат два бода повеќе од главниот конурент Вардар 1961. На другата страна доколу ГРК Охрид го урнат актуелниот првак, не само што ќе се најде во добра позиција за директен излез во Европа, туку и ќе се вмеша во трката за титулата. Ќе има 26 бода исто колку и битолчани, па до крајот на првенството ќе биде вистинска драма.

ПретходноИзненадување: Шпанец ќе го предводи Милан?
СледноБјелица и се врати на кошарката, но со поинаква улога!