„Да му се одземе државјанството и да му се забрани влез во Франција“

4359

Одлуката Џоел Ембид да настапува за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави предизвика бура во Франција, а по тоа прашање зборуваше дури и претседателот Емануел Макрон.
Инаку, родениот Камерунец дал писмена изјава дека на ОИ во Париз ќе игра за „триколорите“ и за никоја друга селекција, но во меѓувреме се премислил поради што остро беше критикуван.
„Тој е добар кошаркар колку што е лош човек. Го мразам поради тоа што го направи. Мислам дека тоа е недостаток на почит кон Франција, недостаток на почит кон сите оние кои бараа пасош за него. Сметам дека тоа што го направи е скандалозно и срамно. Не ми е грижа за оправдувањата на Џоел Ембид, тие се безвредни. Треба да му се одземе француското државјанство и да му се забрани влез во Франција. Да не игра на Олимписките игри“, лут е поранешниот репрезентативец на Франција, Фредерик Вајс.
„Со САД ќе допатува во Париз, на аеродромот ќе му кажат: “не можеш да влезеш“. Не си Французин, излегувај надвор“, додава Вајс.

ПретходноКаспер Руд со титулата од Мастерсот во Барселона
СледноСпорен момент на „Ел Класико“ – имаше ли гол за Барса?