Левандовски: Можеме да го победиме Реал!

140

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски смета дека неговиот тим има доволно квалитет да го победи Реал Мадрид на претстојното Ел Класико. Двата шпански гиганти ќе се соочат денеска на „Сантијаго Бернабеу“ во што ќе биде последната шанса за Каталонците да задржат некоја интрига во трката за титулата.

„Ел Класико е секогаш посебен натпревар, не само за нас туку и за луѓето ширум светот. Сите со нетрпение го очекуваат овој судир. Се надевам дека ќе можеме да прикажеме напаѓачки фудбал за да ги израдуваме навивачите ширум светот. Подготвени сме да победиме“, порача Лева.

Тој вели дека нивната цел е да ги добијат сите мечеви до крај, нема да се откажат, напротив ќе продолжат да се борат.

„Од една страна, ја почитувам одлуката на Чави да си замине, па сега сме целосно фокусирани на нашиот настап до крајот на сезоната. Успеавме да решиме некои проблеми и тешкотии што ги имавме и продолжуваме да се бориме, да сакаме да победиме на секој натпревар до крајот на сезоната“, додаде Полјакот.

ПретходноБјелица и се врати на кошарката, но со поинаква улога!
СледноВреме е за „Ел Класико“: Реал за титула, Барса за продолжување на неизвесноста