Нотингем Ф. се жали на судењето против Евертон: Ви рековме дека судијата во ВАР е навивач на Лутон!

137

Нотингем Форест е револтиран од арбитражата на мечот со Евертон кој денеска заврши со победа на „карамелите“ од 2:0.

Натпреварот го водеше судиски тим на чело со Ентони Тејлор, а „шумарите“ сметаат дека за нив не биле досудени три пенали.

„Три крајно лоши одлуки – три недосудени пенали – кои едноставно не можеме да ги прифатиме. Пред натпреварот го предупредивме ПГМОЛ (телото одговорно за судењето во англискиот фудбал – спорт) дека судијата во ВАР е навивач на Лутон, но тој не беше заменет. Нашето трпение е тестирано многу пати. Нотингем Форест сега ќе ги разгледа можните мерки“, се вели во соопштението на клубот.

На 4 кола пред крајот на Премиер лигата, Нотингем Форест се наоѓа на 17. место на табелата и е на еден бод од зоната за испаѓање. Лутон го зазема 18-то место.

ПретходноРибакина го освои Штутгарт, Штруф на 33 години со прва АТП титула
СледноПМФЛ: Вардар поразен од Воска, шампионот славеше во Ѓорче, СУПЕР Тиквеш ја “скрши“ и Шкендија, реми во Гостивар! (ВИДЕО)