Вардар како домаќин на Маџари доживеа пораз од Воска со 0:1. Многу шанси, солидна игра, поддршка од “Комитите“, но сепак тоа не беше доволно Вардар во еден од најважните мечеви сезонава да дојде до победата. Воска знаеше како треба и што треба и со голот на Ачимовиќ во првиот дел дојде до победата, четврта во низа против Вардар. Охриѓани освоија три големи бодови во битката за опстанок.
Со голот на Бесарт Ибраими тимот на Струга ТЛ успеа да слави во Ѓорче со 0:1. Големи, големи три бода за шампионот. Ова е прва победа на тимот на Шпетим Дуро по два меча.
Гостивар и Брера одиграа 1:1. Домашните со голот на Кехинде водеше се до 86.минута кога Трајков успеа да израмни.
Супер Тиквеш ја победи Шкендија во Кавадарци со 2:1. Моќен е овој Тиквеш, головите беа дело на Спахиу и Малески, а Тотре беше стрелецот за Шкендија за 1:1, но на крај тетовци беа поразени.
Вчера Работнички среде Штип ја победи Брегалница со 0:1.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 28.КОЛО
ГОСТИВАР – БРЕРА 1:1
(Кехинде 58./Трајков 86.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0:1
(/Ибраими 24.)
СИЛЕКС – ШКУПИ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 2:1
(Спахиу 3., Малески 62./Тотре 24.)
ВАРДАР – ВОСКА 0:1
(/Ачимовиќ 32.)
ВЧЕРА
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0:1