Вчера во Белград се одигра големото дерби меѓу градските ривали Ц. Звезда и Партизан, а еден навистина интересен момент се случи пред почетокот на самиот меч.
Стрелецот на првиот гол за „црвено-белите“ Гелор Канга речиси доцнеше на мечот, бидејќи не можеше со својот автомобил да се пробие низ метежот пред стадионот.
Канга беше запрен од сообраќајната полиција и не му беше дозволено да помине низ метежот, се додека не излезе од автомобилот и не почна да се објаснува со полицаецот дека тој е фудбалер на Ц. Звезда и доцни на мечот.
„Сега играм и доцнам на натпреварот“, извика бесниот Канга облечен во тренерка на Звезда.
Навивачите веднаш почнаа да го скандираат неговото име, што го поттикна сообраќајниот полицаец да му дозволи да помине.
hahahahaahhaahahahahahahahhaja a daaaj😂😂😂😂😂😂😂 pic.twitter.com/S3oh1Cno96
— Nežni leptir🦋 (@nervno_emotivna) April 20, 2024