МЗТ Скопје се пласираше во полуфиналето на плеј-офот во АБА2-лига. Актулениот македонски првак за противник ќе го има тимот на Спартак, а според првичниот распоред дуелот во Скопје требаше да се одигра на 24. овој месец.
Добро е познато дека за 24. април е закажан првиот круг на претседателски избори во Македонија, што значи дека овој датум отпаѓа. Но, ова не е единствениот проблем, „сино-белите“ нема да можат да го пречекаат Спартак ниту во следните два дена (четврток и петок), па најверојатно првата полуфинална пресметка ќе биде закажан за следниот викенд (27. или 28. април).
Останува МЗТ Скопје да се огласи во следните денови.