Шампионката на Вимблдон во 2022 година, светскиот рекет број четири, Елена Рибакина од Казахстан, ја освои и третата титула на ВТА туририте оваа сезона.
Денеска Казахстанка самоуверено го освои турнирот во Штутгарт, откако ја победи 27-та на ВТА листата, Украинката Марта Костјук, со резултат 6:2, 6:2.
Претходно Рибакина го освои трофејот на ВТА-500 турнирот во Бризбејн (Австралија), а стана шампион и на турнирот ВТА-500 во Абу Даби (ОАЕ).
Германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф, светски рекет број 28, денеска ја освои својата прва АТП титула во кариерата. Тој го победи 15-тиот светски рекет Тејлор Фриц, во финалето на турнирот на земјена подлога АТП-250 во Минхен (Германија) со 7:5, 6:3.
„Ова е неверојатно чувство и особено што е резултат направен на домашен терен. Толку долго чекав! Имам 33 години и сум во тенисот многу долго време. Неверојатно е чувството да се победи овде во Германија“, изјавил Штруф.