Феенорд по 14-ти пат го освои Купот на Холандија

203

Екипата на Феенорд е освојувач на трофејот од Купот на Холандија по вечерашната победа над НЕЦ Нијмеген со 1:0 во финалето одиграно на „Де Кујп“ во Ротердам. Мечот доцнеше поради употреба на пиротехника на трибините и реакција на службите за безбедност, а потоа го одбележа доминација на Феенорд, но при 0:0 во првиот дел НЕЦ поведе но голот на Тјарон Чери беше поништен поради офсајд.
Феенорд го отвори резултатот во 59 минута. Игор Паиксао ја затресе мрежата на противникот.
Резултатот остана до крајот и Феенорд го освои 14-тиот трофеј од Купот на Холандија, а прв по 2018 година. НЕЦ не успеа да стигне до првиот.

ПретходноШампионски танц на Пелистер среде Охрид
СледноАтлетико се избрука на „Мендизороса“