Шампионски танц на Пелистер среде Охрид

368

Пелистер не си дозволи нов „луксуз“ во одбраната на титулата. На еден од решавачките мечеви битолчани одиграа шампионски, без проблем го совладаа ГРК Охрид со 22-28 убедливи во дербито на десетото коло во плеј-офот.

Салата „Билјанини Извори“ беше преполна, сите очекуваа неизвесен натпревар, но тоа се случи само во првите 15. минути. Охриѓани влегоа во серија на технички грешки, кои пак на другата страна беа максимално казнети. Домаќинот немаше ниту сила, ниту решение за налетот на противникот.

Со овие три бода, Пелистер се врати на првото место на табелата со 29 бода, два повеќе од Вардар. За одбрана на титулата останува да го заврши плеј-офот победнички.

Капитенот Филип Кузмановски со десет гола беше прв стрелец кај Пелистер, шест имаше Радивојевиќ. На другата страна Цирар имаше шест гола.

Избраниците на Стевче Алушовски во првото полувреме имаа недозволиви грешки против далеку поискусниот гостински состав. Неколку загеби топки и нереализирани напади беа доволни за актуелниот првак негативата од еден гол 8-7 на средината на првото полувреме со серија од 4-0 да ја претворат во водство од 8-11. Но, не застанаа тука, дојдоа на плус четири 9-13. Манасков пропушти шанса да зголеми на плус пет.

По 11-14 на одморот, битолчани со головите на Васиљев и Кузмановски поведоа со 11-16. Пелистер не застана на крилата на расположениот Калифа Гедбан, успеа да поведе со плус шест (13-19) во 40 минута, на средината на второто полувреме резултатот беше 15-23. Потврда за моќта на Пелистер дојде во 50. минута кога гостите лесно зголемија на 16-26. До крајот избраниците на Бранко Ангеловски ја имаа полесната задача, рутински да го приведат мечот.

Претходно, исто во плеј-офот, Бутел Скопје славеше против Пролет со 23-17.

ПретходноЈакимовски следната сезона ќе го носи дресот на Бафало
СледноФеенорд по 14-ти пат го освои Купот на Холандија