Никола Јокиќ импресионираше со одличната партија во победата на актуелниот НБА шампион Денвер Нагетс над ЛА Лејкерс 114:103 на стартот од плеј-офот. Српскиот кошаркар со својот стајлинг и пред мечот го украде шоуто.
НБА ѕвездите често привлекуваат големо внимание со модните креации во кои доаѓаат на натпреварите, но Јокиќ направи нешто досега невидено. Најдобриот играч на шампионот на најсилната лига на мечот со Лејкерси дојде облечен навидум нормално. Во црна маица со копче и црно-сив шал околу вратот. Но, и покрај тоа што се облече нормално, неговиот стајлинг предизвика огромно внимание, а сцените на Јокиќ со наведената облека и додатоци се вирални.
Причината е што Јокиќ се појави облечен како Гру, негативецот од култниот цртан Despicable Me (Подлиот јас). Тој ги воодушеви фановите, а на профилот на Нагетс масовно беше објавена фотографија од клубот на Јокиќ со статус „Дојде да игра кошарка или да ја украде месечината“.
Going to play basketball or going to steal the moon? pic.twitter.com/AeGmprCMhX
— Denver Nuggets (@nuggets) April 20, 2024
Jokić pulled up looking like Gru from Despicable Me 😂🔥
(via @nuggets) pic.twitter.com/4hsKA71G8R
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 20, 2024