Атлетико Мадрид ќе го продолжи договорот со Антоан Гризман. Ова го објави новинарот Руди Галети.
Според изворот, раководството на „јорганциите“ планира во блиска иднина да склучи нов договор со 33-годишниот Французин. Страните се во постојан контакт на оваа тема, а Атлетико продолжува да гледа во Гризман како клучен играч на тимот и во следните неколку сезони.
Актуелниот договор на играчот со клубот е со важност до 30 јуни 2026 година. Тој во моментов има плата од 12,5 милиони евра годишно (бруто).
Антоан Гризман оваа сезона одигра 42 натпревари за Атлетико, постигнувајќи 21 гол и 8 асистенции.