Јасно е дека во Македонија терените се за никаде, но во Кратово денеска очигледно е дека не се игра фудбал туку ВАТЕРПОЛО, секако дека ова е фигуративно кажано. Теренот кој важи за еден од подобрите во ПМФЛ сепак не издржа, поплавен е, а играчите на Силекс и Шкупи имаат исклучително тешки услови за игра.
Дали ќе беше подобро овој меч да се одложи?
Секако дека тоа најдобро го знаат службените лица на тој меч, како и претставниците на двете екипи.
По првите 45.минути резултатот е 0:0.