Полицијата не го пушташе да помине: Постигна гол на „вечното дерби“, а за малку немаше да стигне на мечот (ВИДЕО)

2901

Вчера во Белград се одигра големото дерби меѓу градските ривали Ц. Звезда и Партизан, а еден навистина интересен момент се случи пред почетокот на самиот меч.

Стрелецот на првиот гол за „црвено-белите“ Гелор Канга речиси доцнеше на мечот, бидејќи не можеше со својот автомобил да се пробие низ метежот пред стадионот.

Канга беше запрен од сообраќајната полиција и не му беше дозволено да помине низ метежот, се додека не излезе од автомобилот и не почна да се објаснува со полицаецот дека тој е фудбалер на Ц. Звезда и доцни на мечот.

„Сега играм и доцнам на натпреварот“, извика бесниот Канга облечен во тренерка на Звезда.

Навивачите веднаш почнаа да го скандираат неговото име, што го поттикна сообраќајниот полицаец да му дозволи да помине.

ПретходноПроблем за МЗТ Скопје, првата полуфинална АБА 2 пресметка нема да се игра во среда!
СледноАтлетико (М) ќе му понуди нов договор на Гризман