Шампионот се “разбуди“: Бесарт со гол бр.197 во ПМФЛ ја однесе Струга ТЛ на +3!

278

Па, не може Струга ТЛ по третпат да прави кикс. Шампионот денеска во Ѓорче на гости кај Македонија ЃП одигра навистина добро, креираше повеќе шанси, едноставно се разбуди и со голот на Бесарт Ибраими, и тоа каков гол, успеа да дојде до злато вредна победа од 0:1.

Сега шампионот има +3 пред вториот Шкупи и +6 пред третата Шкендија.

Инаку голот на Ибраими е негов 197 во ПМФЛ, значи му остануваат уште само три до магичната бројка од 200 голови во нашата елитна лига.

А еве што изјави Бесарт за “СпортСпорт“ по мечот:

Важна, многу важна победа, посебно ако се знае дека и Шкупи и Шкендија не победија. Мислам дека одигравме добро, заслужено победивме. Среќен сум за голот, сега блиску сум до 200-тиот гол, но верувајте дека е многу поважно Струга ТЛ да победува. Бадијала ќе бидат сите мои голови ако не победуваме“ посочи “бомбардерот“.

Претходно“Ватерполото“ во Кратово без победник, еве како изгледа табелата!
СледноПобедничко селфи: Пази, пази…Тиквеш гази!