Интер го победи Милан и на пет кола пред крајот на сезоната го освои Скудетото

164

Фудбалерите на Интер на пет кола пред крајот на Серија А го освоија Скудетото. „Нероаѕурите“ вечерва остварија победа од 1:2 против големиот градски ривал, Милан и со вечерашната победа на „Сан Сиро“ станаа нов шампион на Италија.

Интер во овој натпревар влезе како апсолутен фаворит и тоа набрзо се одрази на теренот. По 18 минути игра Ачерби го отвори резултатот, а за 0:2 стрелаше Турам во 49-тата минута.

Почесниот погодок за Милан го постигна Фикајо Томори во 80-тата минута. До крајот фудбалерите на Милан имаа неколку убави шанси и се обидоа да изедначат, но не успеаја во намерата и Интер освои нови три бода. Мечот не го завршија Тео Хернандез, Думфрис и Калабрија кои добија црвени картони во судиското надополнување по една жолчна расправа која кулминираше во мала тепачка.

Со оваа победа Интер собра 86 бодови, 17 повеќе од второпласираниот Милан и на 5 кола до крајот на сезоната имаат недостижна предност. Милан остана на втората позиција на табелата и скоро извесно е дека ќе настапува во групната фаза на Лигата на Шампионите следната сезона.

ПретходноНавивач на Хофенхајм осуден на три години затвор бидејќи фрлил петарда
СледноТиаго Силва ја игра последната сезона во Челзи, на лето се враќа дома