Лапорта: Барселона ќе бара да се преигра „Ел Класико“!

396

Во Каталонија, а посебно во Барселона сеуште е голем гневот по последното „Ел Класико“ во кое загубија од Реал Мадрид со 3:2. Секако дека спорен момент беше тоа дали шутот на Јамал беше гол, дали ја мина гол – линијата или не. Се вадат безброј снимки, од кои на некои се гледа дека топката ја минала линијата и дека требало да биде признат голот на Барса. Сепак ВАР одлучи дека нема гол, па тоа секако дека помогна Реал да победи.

Хоан Лапорта, првиот човек на Барса по мечот излезе со свој коментар:

Имаше неколку дискутабилни судиски одлуки, но сакам да се осврнам најмногу на голот на Јамал. Сакаме да бидеме сигурни и затоа ќе бараме од Техничкиот комитет на судиите и од ФС на Шпанија, да ни се достават сите можни снимки од тој момент. Ако се увериме дека тој гол неправедно ни е поништен тогаш ќе бараме да се преигра овој натпревар. Тоа нема да биде првпат да се повтори еден натпревар ако се докаже дека ВАР погрешил“.

ПретходноМАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА
СледноФОТО НА КОЛОТО: Ватерполо се играше во Кратово!