ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Воска)

213

И дефинитивно се потврди дека раководството на Воска направи вистински потег кога го ангажираше Срѓан Захариевски за свој тренер на местото на Миљан Радовиќ. Со Срле тимот на Воска се пласираше во големото финале во Купот на Македонија, а во неделата успеа да слави со 0:1 на гости кај Вардар во мечот на сезоната. Секако и претходно Воска со Захариевски покажа квалитет.

Вчера одлична тактичка поставеност, добра игра на Воска и голема победа за тимот од Охрид.

Да се победи Вардар на Маџари, тоа ретко кој може да се пофали, но на Срле му успеа.

Токму затоа според „СпортСпорт“ тој е тренер на 28.коло во ПМФЛ.

ПретходноЈубилеј: Качевски вчера во Кавадарци го судеше 100-тиот меч во ПМФЛ, од Тиквеш доби и дрес! (ФОТО)
СледноВаљадолид го официјализираше Мартин Карапалевски!